Top Sport

Шванц: Маркез мора да го смират

Марк Маркез треба да се смири и да добие „условна казна“ за судирот со Валентино Роси на Аргентинското ГП, вели поранешниот шампион Кевин Шванц.

Маркез се судри со Алекс Еспархаро и со Валентино Роси во Аргентина, навлекувајќи го бесот на деветкратниот светски шампион и Шванц, кој ја освои 500сс титулата во 1993 година, вели дека шпанскиот возач на Хонда треба да биде на „условна казна“ до крајот на сезоната.

„Тој беше казнет за тоа што го направи, но мора да добие и условна казна до крајот на сезоната. Мора да му се каже дека ако поради било која причина има контакт со друг возач по негова грешка, ќе го паркираат. Тој е шампион и знае што прави, така што треба да знае кога е пребрз да влезе во дуел.  Не можеш само директно да влезеш во другиот возач и да кажеш: ’Ох, направив грешка’. Тоа не е исправно“, вели Шванц во интервју со „Аутоспорт“.

Стартот на инцидентот може да се поврзе со казната на Маркез со поминување во боксот откако неговиот мотоцикл заглави на стартот и мораше да биде рестартиран. Шванц вели дека Хонда требала да биде дисквалификувана од трката, а исто така имаше и совет за Маркез.

„Марк мора да се смири. Не мора да го прави секој круг каде што го турка предниот дел, каде што се лизга, каде што оди до максимум. Знаеме дека е голем талент, дека е брз, но треба да научи да биде и смирен“, додава Шванц.

Фото: ЕПА

Scroll to Top