Top Sport

Синот на поранешниот шампион со свој тим сака да се натпреварува во Ф1

Мајкл Андрети (59) има намера со свои тим да се вклучи во првенството на Формула 1 од 2024 година. Андрети е поранешен Индикар возач и син на светскиот првак во Формула 1 од 1978 година, Марио Андрети.

„Мајкл го поднесе барањето до ФИА, неговиот тим да влезе во Ф1 од 2024 година. Неговиот тим Андрети Глобал ги исполнува сите услови“, напишал на „Твитер“, Марио Андрети.

Мајкл Андрети и во минатото имаше обиди да влезе во Формула 1. Не успеа да го преземе Заубер, кој сега се наоѓа под водство на Алфа Ромео.

Андрети во 1993 година, возеше 13 трки за Мекларен во Формула 1. Најдобриот резултат му е третото место на Големата награда на Италија.

Scroll to Top