Британската ТВ-мрежа „Скај спортс“ потврди дека ќе ја отстрани од својата програма божиќната реклама во која користеа снимка од излетувањето на Макс Ферстапен на Британското ГП во Силверстоун, по протести од голем број на гледачи, но и од тимот на Ред бул рејсинг.
Во обид да им ги честитаат престојните божиќни празници, „Скај спортс“ искористија снимка од Ферстапен во Силверстоун, во моментите откако беше удрен од Луис Хамилтон при голема брзина и заврши во болница. Хамилтон на крајот доби казна од 10 секунди за тој инцидент, по кој може да се каже дека започна „лошата крв“ меѓу двајцата возачи, која ќе кулминира во недела на последната трка од сезоната во Абу Даби.
„Екстремно сме разочарани што се користи снимка од судир, во кој на крајот возачот заврши во болница“, изјави кратко портпаролот на Ред бул за британски „Телеграф“.
merry christmas max 🙂 greetings from Sky F1 ✨ pic.twitter.com/YEDpQOHJDU
— autohan (@_autohan) December 3, 2021
The sickest advert I’ve ever seen! DISGUSTING!
Who ever the driver is: THIS IS TOTALLY NOT DONE!@SkySports @SkySportsF1 Never expected this from you as a well known & respectable channel! DISAPPOINTING!#SkyF1 #Formula1 #Verstappen #Christmas pic.twitter.com/iQ2mGS7X95
— ❝Thᥱ Cᥲffᥱιᥒᥲtᥱd Lιbrᥲrყ❞ (@CorinaFreekina) December 10, 2021