Top Sport

Страотна несреќа во Бразил, повредени тројца механичари (Видео)

Тешка несреќа се случила во Бразил, за време на една од трките во „Сток лајт“ шампионатот во автомобилизам. Несреќата се случила кога во пит-стопот се судриле две возила.

Инцидентот го предизвикал Габриел Лускињос, кој со своето возило удрил во возилото на Ерки Мајриник. Овој вториот потоа „собрал“ тројца механичари што се наоѓале тука.

Еден од механичарите добил силен удар во главата, поради што морал да биде опериран, а според бразилските медиуми неговата состојба е стабилна и не се наоѓа во животна опасност.

Останатите двајца се здобиле со фрактури. Едниот има фрактура на тибијата, а другиот на стапалото.

Scroll to Top