Top Sport

Супериорна победа на Ферстапен пред „портокаловиот“ ѕид од навивачи во Австрија

Макс Ферстапен продолжи со победничката серија во Формула 1, откако пред илјадници холандски навивачи на Ред бул ринг во Шпилберг, Австрија, стигна до втората победа едноподруго на истата патека, доминирајќи од стартот до финишот на Австриското ГП.

Откако на стартот на трката, тој успеа да ја сочува пол-позицијата по нападот на Лендо Норис во Мекларен, Холанѓанецот не направи ниту една грешка до крајот, а неговиот болид беше супериорен, додека ривалите од Мерцедес немаа најдобар ден.

Второто место го освои Валтери Ботас во Мерцедес, трет беше Норис, додека светскиот шампион Луис Хамилтон заврши само четврти, откако призна дека го оштети болидот при поминување на една шикана во уште еден разочарувачки викенд за „сребрената стрела“.

Серхио Перез заврши какo петти откако прво беше истуркан од патеката на стартот од Норис (за што овој беше казнет пет секунди), а потоа двапати доби казна за остриот дуел со Шарл Леклер во ферари. Шестото место го освои Карлос Саинс Јуниор во Ферари, пред вториот возач Мекларен, Даниел Рикардо и Леклер, Пјер Гасли во Алфа Таури беше 9., а последниот поен го освои Фернандо Алонсо откако на два круга пред крајот го помина Џорџ Расел во слабиот болид на Вилијамс.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top