Top Sport

Гвардиола: Халанд нема да има притисок да постигнува голови

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити е убеден дека Ерлинг Халанд одлично ќе се вклопи во неговиот концепт на работа. За младиот Норвежанец, Гвардиола, зборуваше по убедливата победа во Вулверхемптон.

„Мислам дека тоа е одличен потег на раководството на клубот за во иднина. Добивме одличен напаѓач, кој сигурно долги години ќе го носи дресот на Сити. Ја сакам својата работа, бидејќи ќе имам можност да работам со уште еден врвен ас, а врвните играчи создаваат добри менаџери“, истакна Гвардиола.

Прославениот стручњак вели дека нема да поставува голгетерски цели пред Халанд.

„Апсолутно нема да има притисок. Одбраната никогаш не зависи само од стоперот, ниту пак нападот зависи само од шпицот. Важно е да победуваме како тим и секој да има свој придонес во тоа. А Халанд сигурно ќе ни донесе голем дополнителен квалитет“.

Сити на две кола пред крајот има три бода повеќе од Ливерпул и подобра гол разлика. Во следното коло игра против Вест Хем, а во последниот натпревар ќе ја пречека Астон Вила.

Scroll to Top