Top Sport

Сузуки во нови бои го слават јубилејот

Алекс Ринс и Жоан Мир во претстојната сезона ќе имаат нови бои на своите „Сузуки“ мотоцикли. Јапонскиот производител оваа година обележува 60 години од присуството во спортскиот мотоциклизам.

Новата декада „Сузуки“ ќе ја започне со јасен план за иднината, но во исто време нема да го заборави минатото.

Елегантно сина и сребрена боја ќе ги красат мотоциклите на „Сузуки“.

Во својата долга историја „Сузуки“ како производител 14 пати бил светски првак. Последните големи успеси тимот ги прослави во 2019 година со двете победи што ги забележа Алекс Ринс на патеките во Остин и Силверстон.

Шпанските возачи минатата сезона на „Сузуки“ му го донесоа четвртото место меѓу тимовите, зад Хонда, Јамаха и Дукати.

Scroll to Top