Top Sport

Светот се простува од Лауда, знамињата во Австрија на половина копје

Австрија деновиве се наоѓа во сериозна политичка криза, поради падот на владата, но смртта на легендарниот Ники Лауда во втор план на фрли владината криза. Медиумите во оваа земја ја оплакуваат смртта и воедно го слават животот и нескршливиот дух на еден од најголемите Австрици во историјата.

Лауда стана симбол на храброста, нескршливоста и упорноста во 1976 година кога по страшната несреќа во Хокенхајм, кога една минута гореше во својот болид, по само 40 дена минати во болница се врати на трката во Монца и го освои четвртото место.

„Австрија тагува по еден од своите великани“, „Почина австриската светска ѕвезда“, Ники Лауда се бореше до самиот крај“, „Полина Ники Лауда, легендата на Формула 1“, „Ники Лауда е мртов: беше тоа живот во пол-позиција“, Ники Лауда: Национално богатство и култната личност на Австрија“, се дел од насловите на водечките медиуми во Австрија.

Смртта на Лауда силно одекна во целиот спортски свет, а први реагирале од Ферари и Мекларен, тимови со кои Лауда стана светски првак.

„Денес е тажен ден за Ф1. Големото семејство на Ферари со голема болка ја прими веста за смртта на својот член и пријател Ники Лауда. Трикратен светски првак, кој две титули освои со Скудерија Ферари. Ники засекогаш ќе бидеш во нашите срца“.

„Сите во Мекларен сме длабоко потресени откако дознавме дека починал Ники Лауда, нашиот пријател, колега и светски првак во Ф1. Ники засекогаш ќе останеш во нашите срца и ќе бидеш запишан во нашата историја. Почивај во мир, Ники“.

Scroll to Top