Top Sport

WhoScored: Идеалниот тим во Ла Лига без играчи на Реал

Сезоната во шпанската Ла Лига заврши во неделата, титулата ја одбрани Барселона, а во Лигата на шампионите ќе играат уште Атлетико и Реал Мадрид, односно Валнесија. Лигата ја напуштија Уеска, Рајо Валјекано и Џирона.

Додека се чека лигата да ги прогласи најдобрите и да го соопшти идеалниот тим на сезоната, специјализираниот фудбалски портал „WhoScored.com“, го објави тимот на сезоната 2018/2019.

Во овој избор нема ниту еден играч на Реал Мадрид што е и разбирливо бидејќи „кралскиот клуб“ ја заврши најлошата сезона во последните две децении.

Играчите што се во идеалниот тим имаат најдобри просечни оценки за своите настапи оваа сезона.

На голот е Облак од Атлетико Мадрид, централни дефанзивци се Пике од Барселона и Марипан од Алавес, а на бековските позиции се играчите на Еибар Пења и Коте.

Во редот за врска се Дани Парехо (Валенсија), Родри (Атлетико Мадрид), односно Меси и Дембеле од Барселона.

Нападот го предводат Аспас (Селта) и Луис Суарез (Барселона).

https://twitter.com/BT_Stats/status/1130510241400070144

Scroll to Top