На свршеница на светскиот шампион во Формула 1 од 2009, Џенсон Батон, американскиот модел Бритни Ворд не и пречеше тоа што е во седмиот месец од бременоста да го покаже својот гол стомак во низа фотографии.
„Мојот стомак можеби е мал за 7 месеци, но, телото на секоја жена е различно и сите стомачиња треба да се слават -големи и мали“, напиша Ворд на Инстаграм.
Батон е со Ворд од 2016 година, откако се разведе од претходната сопруга, Џесика Мичибата, која исто така беше модел. Британецот сакаше да се врати на тркањето оваа сезона, но откако дозна дека неговата свршеница е бремена, реши да ја продолжи „пензијата“.
Џенсон Батон се повлече од 24 часа Ле Ман за да биде со бремената свршеница