Поранешниот Ф1 возач, Јос Ферстапен најави дека неговиот син Макс добро ќе размисли дали да остане во Ред бул по крајот на неговиот договор во 2020 година.
21-годишниот Ферстапен е јасен број 1 во австрискиот тим откако го покажа својот талент последните сезони, но Јос вели дека не е незамисливо да заврши во друг тим.
„Според тоа што го знаеме досега, добро е Макс да остане со Ред бул, но секогаш го следиме развојот на работите. Мислевме дека ќе имаме подобра шанса оваа година, но Мерцедес пак имаат најбрз мотор и најбрз болид. Според тоа што го гледаме, Макс најверојатно нема да победи оваа година на ниту една трка“, вели Јос во интервју за холандскиот „Де телеграф“.
За Ферстапен секако би биле заинтересирани речиси сите тимови во Ф1, но посебна врска имаат со тимот на Мерцедес – Јос Ферстапен и шефот на „сребрената стрела“, Тото Волф се добри пријатели.