Top Sport

ТЦР Европа: Прва победа на Наѓ, Иџе само на 16. место (видео)

Унгарецот Даниел Наѓ спектакуларно го помина Жан-Карл Верне за да стигне до својата прва победа во ТЦР Европа шампионатот на „катедралата на брзината“ во Асен, Холандија, додека македонскиот тркач Игор Стефановски-Иџе беше само на 16. Место.

Србинот Душан Борковиќ по лошите квалификации се врати со шестото место за да се врати на лидерското место во генерален пласман со пет поени предност пред Микел Азкона, кој сега е израмнет со Наѓ.

Иџе со 16. место не освои поени и останува на 18. место во генерален пласман со шест освоени поени од трката во Франција на стартот на сезоната.

Втората трка од ТЦР Европа стартува утре во 11 часот во обратен редослед од денешниот финиш.

Scroll to Top