Top Sport

Техничките тајни на Ферари ги дознаа сите!

Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене е загрижен што има „проток“ на технички информации во тимот, откако мораше да потврди дека ФИА постави уште еден дополнителен сензор на болидите на италијанскиот тим за надгледување на електричната енергија во болидот пред Јапонското ГП.

Ова е само продолжување на интригите кои траат речиси цела сезона посебно по убедливиот старт на Ферари, а иако ФИА постојано тврдеше дека нема нелегални делови на Ферари, германските медиуми објавија дека ќе има дополнителен сензор за трката во Сузука, каде што Мерцедес доминираа на петочните тренинзи – Луис Хамилтон беше речиси секунда пред Себастијан Фетел.

Аривабене вели дека поставувањето на сензорот не ги чинело брзина, но дека во тимот се загрижени што техничките информации ќе бидат достапни на ФИА и потенцијално, на другите тимови.

„Нашиот систем на батерии е доста комплексен, така што се согласивме да работиме со ФИА и да додадеме втор сензор. Но, тоа не ги менува перформансите на болидот, не ја намалува брзината на рамните делови. Сепак, чудно е што сега сите знаат за вториот сензор, бидејќи нашата батерија е интелектуална сопственост на Ферари. Се надевам дека во иднина нема да бидат информирани за нашиот проект. Тоа е сериозна работа“, вели Аривабене.

Scroll to Top