Top Sport

Каде е Роналдо? Јувентус го промовираше „Jeep“ без Португалецот

И покрај тоа што од Јувентус јавно застанаа зад Кристијано Роналдо во случајот со обвинувањата за силување, Португалецот не беше заедно со неговите колеги на промоцијата за партнерот „Џип“ на тренинг центарот на клубот во Торино.

Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини и другите ѕвезди учествуваа во фото-сесијата за новиот „Jeep Compass“, но тука не беше засилувањето од 100 милиони евра по обвинувањата дека силувал една Американка во Лас Вегас во 2009 година.

Обвинувањата, според италијанските медиуми, го загрижуваат семејството Ањели, сопствениците на Јувентус и на татковската компанија на Џип, Фиат-Крајслер. Откако акциите на клубот вртоглаво растеа по објавата дека Роналдо доаѓа во Торино (се случи скок од дури 35 отсто), но откако се појавија вестите вредноста на акциите на Јувентус падна за 80 милиони евра.

Главните спонзори на Роналдо се загрижени поради истрагата за силување

Scroll to Top