Top Sport

Тероризмот може да го откаже Дакар релито

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан потврди дека е можно откажување на Дакар релито во Саудиска Арабија по терористичкиот напад кој сериозно повреди еден 61-годишен француски возач пред стартот на легендарната трка.

Експлозијата во Џеда на 31 декември посериозно го повреди Филип Бутрон, возач на тимот на Содикарс рејсинг, додека тој беше во возилото за поддршка. Бутрон, инаку претседател на фудбалскиот второлигаш Орлеан, беше вратен во Франција и поставен во вештачки индуцирана кома, иако оттогаш неговат состојба е подобрена. Според „Л’Екип“, експлозијата го уништила подот на возилото, кое потоа се запалило, а пет други возачи поминале без повреди.

Откако саудиските власти објавија дека нема „криминални сомнежи“ околу случајот, француските обвинители пред два дена објавија дека ќе отворат истрага за случајот.

„Сметаме дека можеби најдобро е да се откаже овој спортски настан. Останува отворено и ќе разговараме со организаторите“, изјави Ле Дриан.

Релито кое во минатото беше познато како Париз-Дакар рели, првично беше трка од Франција до Сенегал, но во 2009 година беше откажано по терористичките напади во Мавританија и Алжир, за неколку години да се вози во Јужна Америка, пред во 2020 да се пресели во Саудиска Арабија.

Експлозијата пред стартот на Дакар релито била тероризам?

Scroll to Top