Претседателот на ФИА, и поранешен шеф на Ферари, Жан Тод признава дека Михаел Шумахер е во тешка ситуација и дека комуникацијата со седумкратниот светски шампион веќе не е иста.
Поминаа повеќе од пет години по несреќата на скијање на Германецот на скијање во Франција, во која тој доби сериозна повреда на мозокот и по која семејството на Шумахер прави сè што можно да ја држи неговата состојба во тајност. Тие успеаја и по толку долг период малку да се знае за вистинската состојба на Ф1 асот.
Тод, кој беше близок пријател на Шумахер при славните години на Ферари, е еден од ретките кои имале шанса да го посетат во неговиот дом во Швајцарија.
„Единствено можам да кажам дека неговото семејство добро се грижи за него и тој продолжува да се бори. И неговото семејство е дел од таа борбата, така што е разбирливо што нашето пријателство не може да биде исто како порано. Најмногу бидејќи веќе нема комуникација како претходно“, вели Французинот.