Шефот на рели ВРЦ тимот на Тојота, легендата на финското рели, Томи Макинен вели дека е подготвен да му обезбеди на неговиот сонародник, возачот на Ф1 тимот на Ферари, Кими Раиконен да му обезбеди Јарис за тестирање.
Околу иднината на Раиконен во Формула 1 има многу шпекулации, кои велат дека ќе биде заменет со сегашниот возач на Заубер, Шарл Леклер за 2019 година. Макинен вели дека Раиконен нема тестирано со нив, но дека тоа е сосема можно.
„Не, тој уште нема тестирано, но зошто да не. Ако сака да добие автомобил, јас ќе го обезбедам тоа веднаш“, вели Макинен за „Аутоспорт“.
Макинен веќе му даде на Раиконен шанса да тестира пред неговиот настап на Финското рели во 2009 година.
„Знам како вози Кими, навистина солидно за рели возач, не е многу луд“, вели четирикратниот светски шампион.
Раиконен возеше во ВРЦ шампионатот во текот на паузата од Ф1 во 2010 и 2011 година, со најдобро петто место на Турското рели во првата сезона. Шпекулациите велат дека тој е посебно импресиониран од новата генерација на ВРЦ автомобили, а уште едно нешто го поврзува со Тојота – сегашниот спортски директор на тимот, Кај Линдстром беше негов со-возач.
„Го знаете Кими, кога возевме претходно заедно рече дека ќе има само неколку релија со Фиат. Сега не ми кажал ништо, но ние сме тука“, вели Линдстром.
Фото: ЕПА