Top Sport

Торо росо ги потврдија Гасли и Хартли за 2018

Тимот на Торо росо објави дека Французинот Пјер Гасли и Новозеланѓанецот Брендон Хартли ќе бидат нивните официјални возачи следната година, откако во вториот дел од сезоната тие добија шанса за деби.

Гасли дебитираше на Малезиското ГП заменувајќи го Русинот Данил Квјат, по што возеше и во Јапонија, Мексико и Бразил. Хартли пак, првата трка ја имаше на Американското ГП, преземајќи го местото на Карлос Саинс Јуниор, кој потпиша за Рено.

„Навистина сме среќни што можеме да потврдиме дека Пјер и Брендон се наши возачи за 2018 година. Последната година тие покажаа дека се подготвени за Формула 1, бргу снаоѓајќи се во болидот и покажувајќи добри перформанси. Импресионирани сме од тоа колку бргу учат“, вели шефот на тимот, Франц Тост.

21-годишниот Гасли беше член на јуниорската програма на Ред бул неколку години, додека 28-годишниот Хартли исто така беше член на програмата во раните 2010-ти, пред да направи кариера во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ), освојувајќи титула од 24 часа Ле Ман.

Scroll to Top