Top Sport

Џеко доби казна од два меча и 10.000 евра за плукањето на судијата (видео)

Напаѓачот на босанскохерцеговската репрезентација и на Рома, Един Џеко доби суспензија од два меча од Копа Италија и финансиска казна од 10.000 евра за плукањето на судијата Џанлука Манџаниело на мечот со Фиорентина во средата.

На официјалниот Твитер профил на Рома потврдија дека тој е казнет за „користење на навредлив јазик за протестирање на одлука на судијата“ при катастрофалниот 7:1 пораз од Фиорентина во четврт-финалето од купот.

Бидејќи суспензијата се однесува само на Копа Италија, Џеко ќе може да игра против Милан во Серија А овој викенд.

Scroll to Top