Валентино Роси и Луис Хамилтон ќе бидат протагонисти на „трејдот на векот“. Италијанскиот мотоциклист ќе седна во болидот на Мерцедес, додека Британецот ќе го испроба моторот на Јамаха.
Овој настан доби официјална потврда од двете страни и ќе се случи на 9 декември во Валенсија.
Популарниот „Доктор“ веќе имал можност да го вози болидот на Мерцедес. Тој се пофали со фотографии на социјалните мрежи.
„Мислам дека наскоро ќе се забавуваме со Луис“, порачал Роси.
На Роси ова нема да му биде прв пат да тестира болид на Формула 1, во минатото тој имал можност да го вози болидот на Ферари.
Исто така ниту моторот на Јамаха не е непознат за Хамилтон. Тој имал можност да вози мотор на Јамаха во Супербајк, а исто така го дизајнирал моделот МВ Агуста.
View this post on Instagram