Top Sport

Трикратниот шампион Џеки Стјуарт имал мозочен удар по Мајами ГП трката

Легендарниот трикратен светски шампион, Џеки Стјуарт откри дека имал мозочен удар кратко по посетата на Мајами ГП трката. 84-годишниот Шкотланѓанец, кој ја освои титулата во 1969, 1971 и 1973 е најстариот жив светски шампион, а по крајот на кариерата продолжи да работи како ТВ-коментатор и амбасадор на „Ролекс“.

Во интервју за „Дејли мејл“, Стјуарт откри дека додека бил на свадба во Јордан кај принцот Хусеин, имал мозочен удар.

„Се случи вечерта пред свадбата. Станав и се чувствував лошо и потоа колабирав. Не се сеќавам што се случи. Ме однесоа во блница во Јордан, а таму беа мојот син Пол и неговата сопруга. Неговото височество ми ги обезбеди најдобрите лекари, по што принцот о Бахреин ми го позајми својот авион да се вратам во Европа. Тогаш веќе бев океј и опоравувањето е целосно“, вели Стјуарт, кој присуствува на Британското ГП во Силверстоун.

Scroll to Top