Top Sport

Едвин ван дер Сар заврши во болница во Сплит со крварење во мозокот!

Легендарниот холандски голман и поранешен директор во Ајакс, Едвин ван дер Сар се наоѓа во болница во Сплит на одделот за интензивна нега, откако имал крварење во мозокот, јавуват хрватските медиуми.

Тие додаваат дека тој пристигнал во болницата со неговата сопруга Анамарија, но дека не е јасно дали се повредил или се работи за нешто посериозно, но холандските медиуми тврдат дека се работи за мозочен удар.

Ван дер Сар беше дел од славната генерација на Ајакс од 1990-тите, освојувајќи ја Лигата на шампиони во 1995 година. Потоа тој бранеше за Јувентус и за Манчестер јунајтед, со кои стигна и до втората титула од ЛШ во 2008 година.

Scroll to Top