Top Sport

Тројца кандидати за местото на Фетел во Ферари

Скудерија Ферари на својот список има тројца кандидати кои би можеле да го наследат Себастијан Фетел пишува „Газета дело Спорт“.

Шансите Фетел да потпише нов договор со Фераир се мали иако пред неколку дена тој самиот изјави дека преговорите се движат в вистинска насока за двете страни.

Договорот на Германецот истекува на крајот од оваа сезона. Ферари биле подготвени да му понудат нов договор за 2021 година, додека Фетел барал две годишен договор.

Исто така во оваа фаза на преговорите проблем е и финансискиот момент. Доколку остане Фетел ќе мора да прифати значително намалување на платата. За неговиот нов договор Ферари предвиделе 13 милиони евра.

Вториот возач на Ферари Шарл Леклер веќе го продолжи договорот, во наредните пет сезони тој ќе заработува по 10 милиони евра годишно.

Какви опции имаат во Ферари за наредната сезона доколку пропаднат преговорите со Фетел.

Во тимот размислуваат за Шпанецот Карлос Саинц, Австралиецот Даниел Рикардо и домашната надеж Антонио Џовинаци.

Scroll to Top