Top Sport

Пример за одговорност: Ди Бјаџо поднесе оставка по киксот на ЕУРО У-21!

Младата фудбалска репрезентација на Италија остана без селектор откако стратегот Луиџи Ди Бјаџо по шест години реши да се повлече.

Селекторот на младите Италијанци ја понесе одговорноста за неуспехот на ЕУРО У-21 на кое пред домашните навивачи „азурите“ не успеаја да влезат меѓу најдобрите четири селекции за шампионатот, иако важеа за голем фаворит за триумф со ѕвезди како Заниоло и Кин.

Селекцијата предодена од Ди Бјаџо во групата славеше победа над Шпанија и Белгија, но загуби од Полска што ги чинеше пласман во полуфинале.

Екс-играчот на Интер и Рома од 2011 започна да работи со младите селекции на Италија. На претходните две Европски првенства не успеа да го однесе својот тим во нокаут фазата, а со самото тоа и на Олимписките игри.

Scroll to Top