Top Sport

„Верстапен е апсолутно најдобриот возач на сите времиња“

Советникот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко, верува дека Макс Ферстапен, без дилема е најдобар возач во историјата на Формула 1.

Бранителот на титулата триумфираше на неделната трка за Големата награда на Холандија, што е негова деветта последователна победа во сезоната или 11. во 13 трки.

„Дали Макс има слабост? Не знам. Одличне е без разлика дали е суво или влажно. Ја чита трката, се грижи за гумите и е неверојатно мирен“, изјави Марко и додаде:

„Церемонијата пред трката беше навистина импресивна, толку многу емоции, но тоа е и голем притисок за него. Тој се поздрави со холандскиот крал и веднаш скокна во автомобилот и ја заврши работата. Тој веќе е апсолутно најдобар возач на сите времиња“.

Заедно со Верстапен на подиумот се искачија Фернандо Алонсо и Пјер Гасли.

Холанѓанецот е лидер во генералниот поредок со 339 бодови, втор е неговиот клупски колега Серхио Перез со 201, а трет Алонсо со 168.

Следната трка на програмата е на 3. септември во Монца.

Scroll to Top