Луис Хамилтон, новиот возач на Ферари, тврди дека е целосно подготвен за почетокот на новата сезона во Формула 1.
Во четвртокот илјадници фанови на Ферари се собраа на Пјаца Кастело во Милано и имаа можност да уживаат во возењето на Луис Хамилтон и неговиот нов тимски колега, Шарл Леклер.
Хамилтон го возеше SF-21 од 2021 година, додека Леклер го возеше SF90, болидот со кој го освои своето прво Гран При во 2019 година.
Lewis Hamilton and Charles Leclerc doing donuts together in Milan! ❤️🔥 pic.twitter.com/qtKsh1N3bL
— deni (@fiagirly) March 6, 2025
Луис Хамилтон инсистира дека е „добро подготвен“ со оглед на краткиот период што го имаше за да се прилагоди на новиот тим, пред неговиот првиот тркачки викенд, во Мелбурн.
Британецот за прв пат ќе се натпреварува во легендарниот црвен болид на патеката Алберт Парк, со која се отвора сезоната во Формула 1 за прв пат од 2019 година.
„Претходно, Хамилтон на дебито во 2007 година со Мекларен го освои третото место, а во првата трка во 2013 година со Мерцедес, во Австралија заврши на петтото место.
„Кога доаѓам во Мелбурн секогаш се сеќавам на мојата прва трка, а сега доаѓам во една сосем поинаква ситуација, не очекував да бидам тука на 40-годишна возраст“, ја пренесе „Скај Спортс“ изјавата на Хамилтон, кој не ја крие возбудата пред неговиот прв настап во црвеното Ферари на отворањето на новата сезона во Формула 1 во Австралија.
Príncipe do povo! 👑
Lewis Hamilton acenando para os tifosis em Milão. pic.twitter.com/i2IxntVoyV
— Lewis Hamilton News 🇧🇷 (@LH44NEWS) March 6, 2025
„Сè уште се штипкам. Следната недела, кога ќе стигнам на трката, ќе ја започнам Гран При кариерата во црвено, вау Немам зборови да опишам колку сум возбуден. Се обидувам да останам смирен, но дефинитивно ќе биде неверојатно да се појавам во црвениот болид.”
Трката за Големата награда на Австралија се вози во недела, на 16. март, во 7 часот по средноевропско време.