Top Sport

(Видео) Маркез повторно со хорор судир, Зарко му порача да внимава што зборува

Шесткратниот Мото ГП шампион, Марк Маркез, навистина нема среќа оваа сезона, откако повторно беше вклучен во страшен судир на тренингот пред Германското ГП во Заксенринг.

Маркез ја загуби контролата на својата Хонда на првата кривина во финишот на вториот тренинг во Германија и неговиот мотоцикл удри во Дукатито на Жоан Зарко, кое целосно беше уништено. За среќа, двајцата возачи поминаа без повреди, а Маркез го обвини Французинот, сметајќи дека тој е виновен за инцидентот.

Зарко не беше задоволен.

„Тој ја губи контролата кога зборува во последно време. Да, ова беше тркачки инцидент, но подобро беше да не се случи. Мене секогаш ми се допаѓал неговиот стил, тој е шампион, но веќе губи контрола кога зборува“, вели Зарко.

Scroll to Top