Top Sport

(Видео) Финците ја „стопираа“ Словенија

Финска стигна до важна 2:0 победа над Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство во 2024 година, зголемувајќи си ги шансите за пласман во релативно најслабата група Х.

Во отсуство на повредениот прв голман, Јан Облак, неговата замена Вид Белец не се покажа најдобар, откако беше виновен за двата гола кои ги примија Словенците. Џоел Похјанпало во 13. минута го отвори резултатот, за трите поени за Финска да ги потврди Оливер Антман во 64. минута.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top