Top Sport

(Видео) Строл го искрши болидот, катастрофа на Ред Бул, Саинц на пол-позицијата во Сингапур

Карлос Саинц ќе стартува од пол-позицјата на трката за Големата награда на Сингапур. Шпанецот во Ферари ја освои петтата пол-позиција во кариерата. Неговиот најбрз круг во квалификациите изнесуваше 1:30.984 минути.

Саинц ја потврди добрата форма, по пол-позицијата во Монца, беше најдобра и во Сингапур. Неговиот тимски колега Шарл Леклер ќе стартува од третото место.

Меѓу возачите на Ферари на стартот ќе биде Џорџ Расел од Мерцедес. Младиот Британец имаше послаб резултат од Саинц за само 72 илијадити делови од секундата.

Четвртото место го освои Ландо Норис од Мекларен, петти е Луис Хамилтон.

Квалификациите во Сингапур ги обележа инцидентот на Ленс Строл. Во финишот на прввата сесија, возачот на Астон Мартин го уништи својот болид.

Непријатно изненадија во квалификациите и возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез. Двајцата не успеаја да влезат во третата квалификациска сесија.

Лијам Лосон од сестринскиот Алфа Таури го исфрли Вестапен за само седум илјадити делови од секундата. Верстапен трката ќе ја започне од 11. место, а Перез од 13. позиција.

Scroll to Top