Top Sport

Вилнев: Леклер има негативно влијание на Ферари

Популарноста на Шарл Леклер е вистински проблем за Себастијан Фетел и Ферари, вели поранешниот светски шампион Жак Вилнев, посочувајќи дека Скудерија требале уште една година да го остават Кими Раиконен како колега на Фетел.

Ферари по големите најави пред стартот на сезоната доживеа четири порази, откако Мерцедес остварија четири 1-2 победи во првите четири трки. Грешките се нижеа – Фетел се изврте во Бахреин, а Леклер ги уништи квалификациите во Азербејџан, но Вилнев вели дека се критикуваат само грешките на еден возач.

„Ако ги слушате фановите или одите на форумите, Леклер не добива критики. Да беше тоа Фетел, ќе беше уништен од медиумите за иста грешка. Мислам дека тоа има негативно влијание на тимот. Извртувањето на Фетел во Бахреин, тимските наредби во Кина… Тоа е резултат на тоа влијание. Леклер излета на квалификациите бидејќи сакаше да докаже дека е број 1 во тимот и тоа штети. Леклер е брз и е подготвен, но Ферари не се подготвени за ваква ситуација. Себ од друга страна мора да знае дека е сакан од тимот и од фановите, а тоа го нема оваа сезона“, вели Вилнев во интервју за „Моторспорт“.

Scroll to Top