Top Sport

Дали Клоп ќе го исполни ветувањето и ќе стане тренер во Швајцарија?

Шансите на Ливерпул за сезона без титула се повторно големи, по поразот од 3:0 од Барселона во првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампионите и со предноста од еден поен на Манчестер сити на два меча пред крајот на сезоната од Премиер лигата.

По ова, секако, притисокот е на германскиот тренер Јирген Клоп, кој пристигна во 2015 година на „Енфилд“ со големи надежи за титулата, и дури вети дека за четири години ќе треба да се очекува титулата.

„Дадете ни време да работиме, но кога ќе седнам тука за четири години, мислам дека ќе имаме барем една титула. Ако не биде така, тогаш мојата следна работа ќе биде во Швајцарија“, изјави Клоп во 2015 година.

Пред крајот на овие четири години, швајцарскиот клуб Базел го потсети Германецот на неговата изјава.

„Ние сме почестени што господинот Клоп сака да ја продолжи кариерат аво Швајцарија, и од тоа што многумина го посочија Базел како неговиот следен тим, но ние сме задоволни од нашиот состав“, објавија Базел на Твитер.

Scroll to Top