Top Sport

Лукаку е модерен напаѓач

Анализирајќи ја новата сезона во Серија А, легендарниот тренер Фабио Капело меѓу другото говорел и за Ромелу Лукаку. Тој смета дека Белгиецот е комплетен напаѓач.

Капело рекол дека Интер добиле тешка група во Лигата на шампионите во која се Барселона и Борусија Дортмунд.

„Интер имаа најлоша ждрепка од сите италијански клубови. Добро е што ќе започнат со натпреварот против Славија Прага. Се надевам дека Алексис Санчез и Ромелу Лукаку брзо ќе се вклопат“, рекол Капело и дополнил.

„Интер и Бепе Марота завршија добра работа во преодниот рок, сега Антонио Конте треба да го наметне својот стил на игра. Лукаку? Тој е модерен напаѓач, постигнува голови, му помага на тимот, игра одбрана. Покрај тоа тој ќе соработува со Конте, тоа ќе му помогне“, заклучил Капело.

Scroll to Top