Top Sport

Волф: Доминацијата на Макс не влијае на популарноста на Формула 1

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, истакнува дека целосната доминација на Макс Ферстапен во последните две години никако не влијае на популарноста на Формула 1.

Шефот на Мерцедес своите зборови ги поткрепи со бројки.

„Се е јасно. Имаме сè поголем број следбеници на социјалните мрежи, сите трки се полни и распродадени. Заклучокот е дека Формула 1 е спектакл и луѓето го сакаат тоа. А ако се гледа само спортскиот аспект, Ред Бул и Ферстапен доминираат и наша задача е да се обидеме да го направиме натпреварувањето поинтересно“, изјави Волф.

Во изминатата година Ред Бул победи на 21 трка (Верстапен 19 и Перез две), додека единствениот триумф од останатите тимови го постигна Карлос Саинц од Ферари во Сингапур.

„Јасно е дека ние останатите треба да напредуваме. Во Мерцедес се обидуваме да парираме и верувам дека ќе успееме во најкус можен рок“, изјави Волф.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне во март, во Бахреин.

Scroll to Top