Top Sport

Шпанските клубови со јасен став: Суперлигата е себична

Одлуката на Европскиот суд на правдата ги разбранува духовите во европскиот фудбал. Пресдудата дека ФИФА и УЕФА немале право да ја блокираат европската Суперлига им ја отвори вратата на клубовите кои се иницијатори на идејата конечно да ја напуштат постојната рамка и да формираат ново натпреварување.

Бидејќи Реал и Барселона, како клубови носители на идејата, ја поздравија одлуката на судот, пристигна и реакцијата на останатите клубови од Ла Лига, кои се противат на иницијативата.

Виљареал, Кадиз, Валенсија и многу други се спротивставија на повторното формирање на европската Суперлига.

Тие најавија дека на натпреварите од Ла Лига закажани за вечерва под дресовите ќе носат маички со посебна порака.

„Денес, повеќе од кога било, да потсетиме дека Суперлигата е себична и елитистичка. Секој формат што не е целосно отворен и не може да се влезе од година во година преку домашните лиги, го сметаме за затворен. Европскиот фудбал веќе проговори. Вие го заслужувате правото да се натпреваруваме на теренот“, се вели во соопштението на Ла Лига.

Пораката „Заработете го тоа на теренот!“ ќе го носат играчите на сите клубови освен на Реал Мадрид, кој од 21:30 гостува кај Алавес.

Scroll to Top