Top Sport

Волф: Германецот Фетел во германски Мерцедес… Одлична приказна

Шефот на Мерцедес, Тото Волф признава дека Себастијан Фетел останува фантастичен возач и на 32 години и дека неговото евентуално пристигнување во „сребрената стрела“ би бил фантастичен маркетинг потег.

Покрај тоа, Австриецот вели дека не сфаќа зошто сите тимови во Ф1 решиле да ги објават трансферите за 2021 година пред да почне сезоната 2020.

„Секако, германски возач во германски болид секогаш е добра маркетинг приказна. Ние се фокусираме на успех, а Себастијан е некој кој е навистина добар. Ги има сите потребни врски и може да одлучи самиот дали сака да се повлече или да оди во друг тим. Има интересни опции“, вели Волф во интервју со австрискиот „ОРФ“.

Откако Фетел објави дека заминува од Ферари на крајот на 2020, италијанскиот тим веднаш го потврди Карлос Саинс Јуниор, додека Даниел Рикардо беше потврден во Мекларен и Волф не го сфаќа тоа.

„Ние нема да се поставиме во таква ситуација. Тешко е да се менаџира кога имате возач кој следната сезона ќе биде во друг тим. Посебно кога се работи за иновациите во тимот, знаејќи дека тој возач може да го искористи тоа против вас. Ние нема да правиме така“, вели Волф.

Scroll to Top