Top Sport

Вилијан: На повеќето фудбалери од Премиер лигата им е страв да се вратат

Напаѓачот на Челси, Вилијан смета дека на повеќето фудбалери во Премиер лигата им е страв да се вратат на натпреварувањето поради корона вирусот и покрај тоа што во Германија, Бундеслигата се врати овој викенд.

Фудбалот во Англија е на „пауза“ од март со планови за рестартирање на сезоната на почетокот на јуни, но во Велика Британија има дури 240.000 потврдени случаи на корона вирусот и дури 34.000 починати.

„Искрено, од тоа што го знам, многу фудбалери, би кажал мнозинството, не би сакале да се вратат на теренот сега. Сите сакаме фудбал, ни недостасува да го правиме тоа што го сакаме, но потребно е да биде безбедно да го направиме тоа. Здравјето мора да е на прво место. Затоа сега во моментов, фудбалерите се плашат да го направат тоа. Зборувавме честопати преку Интернет и ги знаеме плановите на Премиер лигата, но не знаеме кога точно ќе се вратиме“, вели Вилијан.

Тој не е првиот кој смета дека не е потребно брзо враќање на фудбалот, откако последната недела со критики се јавија и Серхио Агуеро (Манчестер сити), Трој Дини (Вотфорд) и Дени Роуз (Њукасл).

Scroll to Top