Top Sport

Волф го шокирала одлуката на Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека бил шокиран кога Луис Хамилтон му кажал дек од 2025 година ќе се пресели во Ферари.

Волф рече дека слушнал гласини дека Хамилтон би можел да замине, а потврда добил од седумкратниот светски шампион во Формула 1 на состанокот во средата.

Хамилтон ќе го напушти Мерцедес на крајот на претстојната сезона и ќе се пресели во Ферари од 2025 година. Британецот во 2013 година се пресели од Мекларен во Мерцедес со кој освои шест шампионски титули.

„Изненадувачки беше што ги слушнав гласините неколку дена претходно, но сакав да почекам до појадокот што го планиравме за среда наутро. Тогаш тој ја ми ја соопшти веста”, откри првиот човек на Мерцедес.

Минатото лето Хамилтон го продолжи договорот со Мерцедес на уште две години, до крајот на 2025 година, но ќе го напушти тимот една година порано откако ќе ја активира ослободителната клаузула.

Волф изјави дека тоа што Хамилтон бара нов предизвик не е изненадување, туку дека изненадување е моментот кога реши да го направи тоа.

Тој посочи дека 39-годишниот Хамилтон можеби се „коцка“ барајќи уште една шанса да ја освои титулата, но додаде дека Мерцедес целосно го почитува фактот дека некој може да го промени своето мислење.

„Мерцедес сега има време да одлучи кој ќе му биде партнер на Џорџ Расел во 2025 година“, додаде Волф.

Scroll to Top