Top Sport

ФИФА ќе му дозволи на Лион да го регистрира Бенрама

ФИФА ќе му дозволи на Лион да го комплетира трансферот на Саид Бенрама во следните неколку часа, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Францускиот клуб претходно поднесе жалба бидејќи сметаше дека Англичаните го саботирале трансферот во последните часови од преодниот рок.

Истото го направи и Бетис кој се обиде да го доведе Пабло Форналс.

Лион буквално подготви сè за јавно да го претстави Бенрам на клупската телевизија кога договорот од 15 милиони фунти пропадна во последен момент.

Во соопштението францускиот клуб нагласи дека „Вест Хем покажал длабоко непочитување“ кон нив и кон играчот кој во текот на денот ги помина медицинските прегледи во Франција.

Бетис, од друга страна, беше повнимателен, велејќи дека сепак очекуваат трансферот на Форналс да се реализира, бидејќи настанал за компјутерски проблем од страна на Вест Хем.

Сепак, се дознава дека челниците на ФИФА дале зелено светло за трансферот на Бенрама, а играчот во Лион очекува да се средат сите документи за конечно да потпише за Французите.

Scroll to Top