Top Sport

Волф: Хамилтон немаше да слави ако Макс беше сериозно повреден

Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека Луис Хамилтон се чувствува „прилично опуштено“ и покрај нападите по судирот со Макс Ферстапен на Силверстон.

„Ситуацијата беше прилично вознемирувачка и од спортска гледна точка можам да ја разберам ситуацијата кај нашите ривали, затоа што не ја завршија трката“ рече Волф.

Сепак, тој смета дека беа употребени тешки зборови.

„Никогаш порано ваков речник не е користен. Се помина на лично ниво. Многу навреди доби Луис. Меѓутоа, и покрај се, тој е прилично релаксиран“ изјави Волф.

Посебно беше коментирана бурната прослава на победата на Британецот додека Ферстапен беше во болница.

„Слушнавме низ разговор со луѓето од Ред Бул дека Ферстапен не доживеа потешки повреди и дека со него се е во ред. Сигурно немаше да славиме доколку ситуацијата со Макс беше сериозна. Луис и во текот на трката праша дали Макс излезе од болидот. Многу е тажно тоа да се знае“ рече Волф.

Scroll to Top