Top Sport

Волф: Ќе гледаме уште судири меѓу Макс и Луис

Шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф признава дека интензитетот на борбата за титулата меѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен е на „повисоко ниво“ по трката во Силверстоун, и додава дека иако никој не може да гарантира дека нема да има нови судири се надева дека сезоната ќе заврши на „спортски начин“.

Хамилтон и Ферстапен се судрија под контроверзни околности во Силверстоун, кога Ферстапен излета, а Хамилтон и покрај казната од 10 секунди, стигна до победата и ја намали предноста на возачот на Ред бул во генерален пласман на само 4 поени.

„Мислам дека интензитетот на борба е зголемен по Силверстоун. Ова сигурно нема да биде последна трка во која тие ќе се борат за позиција и се надевам дека ќе го решат тоа на спортски начин. Ако не биде така, тогаш ќе гледаме уште судири“, вели Волф за „Аутоспорт“.

Тој додава дека причината за судирот во Силверстоун е главно во тоа што Хамилтон овојпат не сакал да ја предаде борбата.

„Хамилтон е зрел возач и тој секогаш милси на стратегијата на долги патеки, бидејќи тоа е најважно за освојување на титулата. Но, овојпат двајцата не сакаа да попуштат и затоа дојде до судирот“, додава Волф.

Scroll to Top