Top Sport

Одбојкарска „класика“ – Бразил со епски камбек против Аргентина

Последното натпреварување на понеделничката олимписка програма во Токио ни донесе сензационална одбојкарска пресметка помеѓу лутите јужноамерикански ривали Бразил и Аргентина, во кој „селесао“ се врати од 2:0 негатива за фантастична победа по три часа игра.

Аргентина поведе со 2:0 со 25:19 и 25:21, и кога изгледаше дека ќе стигнат до импресивна победа над фаворитите, Бразил го освои третиот сет со 25:16, за потоа да израмнат на 2:2 со 25:21, за да го добијат петтиот сет со 16:14.

ОДБОЈКА (М)

Бразил – Аргентина 3:2

Иран – Венецуела 3:0

САД – Русија 1:3

Полска – Италија 3:0

Франција – Тунис 3:0

Јапонија – Канада 3:1

Scroll to Top