Top Sport

Волф: Макс е агресивен, Расел е „поинтелектуален“ возач

Шефот на Мерцедес, Тото Волф повторно го критикуваше возачкиот стил на Макс Ферстапен, оценувајќи го како агресивен, и посочувајќи дека новиот возач на „сребрената стрела“, Џорџ Расел има „поинтелектуален“ пристап кон тркањето.

Волф во текот на минатата сезона, честопати беше критичен кој ривалот од Ред бул, по многубројните судири и конфликти со Луис Хамилтон, и сега продолжи со своите коментари.

„Мислам дека приодот на Макс може да се опише со едноставна фраза: ‘или победи, или ништо не е важно’. Џорџ Расел има поинтелектуален пристап кон тркањето, а во исто време ги има сите квалитети“, објаснува Волф за магазинот „Џи Кју“.

Scroll to Top