Top Sport

Челси најверојатно ќе стане најскапиот спортски клуб во историјата

Челси најверојатно ќе стане најскапиот спортски клуб кој било кога бил продаден, откако се појавија повеќе заинтересирани купувачи од Роман Абрамович, кој се реши да го напушти „Стемфорд Бриџ“ по 19 години по санкциите кои ги доби рускиот милијардер.

55-годишниот Абрамович очекуваше околу 3.5 милијарди фунти за клубот, сума во која се вклучуваат и 1.5 милијарди фунти кои во претходните 19 години тој ги „позајмил“ на клубот. Иако се очекуваше дека ова е превисока цена, според „Атлетик“, реално е сумата да достигне 3 милијарди фунти, со што ќе се сруши рекордот од 2.5 милијарди фунти кои Џозеф Цаи ги плати да го купи НБА тимот на Бруклин нетс во 2019 година.

Според нивните извори до њујоршката компанија „Рејн групација“ која беше задолжена за продажбата стигнале дури 20 понуди, а конечната одлука се очекува до средината на април, по што клубот ќе мора да побара изземање од санкциите за Абрамович за да може да се склучи зделката. Бидејќи неговите банкарски сметки се зармзнати, парите нема да одат кај Абрамович, иако не е јасно каде ќе се слеат огромните средства. Абрамович има право да го избере купувачот или да стави вето на одлуката на „Рејн“ со шпекулации дека не сака да продаде на понудувачи од земји кои го санкционираат него и Русија (Велика Британија и САД).

Челси сигурно ќе го помине рекордот за дадени пари за еден премиерлигаш, кој во моментов го држи Манчестер јунајтед и семејството Глејзер, кои во истиот период како Абрамович платија 790 милиони фунти за „ѓаволите“.

Scroll to Top