Top Sport

КОВИД-криза во италијанската репрезентација, пет фудбалери позитивни?

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) потври дека двајца членови на тренерскиот тим на селекторот Роберто Манчини имале позитивни тестови на КОВИД-19 по шпекулациите во италијанските медиуми дека пет фудбалери имале позитивни тестови пред дуелот со Македонија.

Оваа шпекулација ја пренесе поранешниот соработник на Манчини во Интер, Дарио Марколин, кој изјави дека двајца членови на тренерскиот тим и пет фудбалери биле позитивни при пристигнувањето во тренинг-центарот во Коверчијано. Федерацијата на ова одговори со потврда за двата позитивни тестови, но додаде дека утре ќе има нови „таргетирани“ тестови за сите фудбалери кои играат во клубови каде што имало позитивни тестови на КОВИД.

Ова дефинитивно го вклучува Интер, каде што Лаутаро Мартинез (Аргентина) и Матијас Весино (Уругвај) се повлекоа од настапите на своите репрезентации по позитивните тестови. Мануел Локатели од Јувентус веќе беше позитивен минатата недела.

Италија игра со Македонија во четврток во Палермо, а победникот од овој меч ќе игра со подобриот од дуелот Португалија-Турција за место на Мундијалот во Катар.

Scroll to Top