Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека тоа што Луис Хамитон има 92 победи во кариерата е „нереално“ и на шега вели дека неговиот тим ќе мора да продаде некоја фабрика за да може да се договори соработката со Британецот и следната сезона.
Хамилтон без мака стигна до победата на Португалското ГП рушејќи го рекордот на Михаел Шумахер на патот до седма светска титула со осма победа во 12 трки, но уште се нема договорено за продолжување на договорот со „сребрената стрела“.
„Договорот на Луис? Огромен е! Ќе мора да продадеме нешто, некоја зграда само да ги собереме парите. Кој ќе замислеше вакво нешто кога го почнавме проектот на Мерцедес во 2013 година. Се работи за нереална бројка на победи, која ја покажува страста во спортот. Талентот, способноста, затоа е Луис шампион“, вели Волф.