Top Sport

Тинејџерската ѕвезда Шерки: Ме открија додека играв на паркинг

Младиот фудбалер на Лион, Рајан Шерки открива дека неговиот талент бил забележан од еден тренер на Лион кој го гледал како игра фудбал на паркинг.

Шерки стана еден од најпосакуваните млади таленти во Европа откако лани влезе во тимот на Лион на 16 години, а во јули, претседателот на клубот, Жан-Мишел Ола откри дека Манчестер јунајтед и Реал Мадрид биле заинтересирани пред Лион да му го дадат првиот професионален договор.

„Тоа се случи на паркинг. Како и обично, бев надвор со мојата топка, почнав да жонглирам и на среќа налетав на еден тренер на Лион кој ме повика на тест во клубот“, вели Шерки за „Телефут“.

Во август, Шерки влезе во историјата како најмлад фудбалер во Лигата на шампионите, влегувајќи во игра против Баерн Минхен само два дена по неговиот 17-ти роденден. Оваа сезона тој има шест настапи за Лион.

„Јас сум фудбалер кој сакам да играм човек-на-човек, кој сака да оди напред. Од мојата четврта година работам со двете нозе и тоа ми помага“, открива тинејџерот.

Scroll to Top