Top Sport

Волф: Не го отпишувајте Ботас

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, бил исклучително задоволен од настапот на тимот на трката за Големата награда на Австралија и од настапот на Валтери Ботас, кој спротивно на прогнозите прв мина низ целта, пред колегата Луис Хамилтон.

Победата во Мелбурн ќе му ја врати разнишаната самодоверба на Ботас, кој имаше лоша сезона зад себе. лани Финецот не успеа да победи на ниту една трка.

На критичарите тој им одговори со беспрекорно возење во Мелбурн и победата со предност од 20 секунди во однос на светскиот првак Хамилтон.

„Многу сум задоволен, особено поради тоа што во вториот дел од минатата сезона тој беше целосно отпишан. Луѓето мислеа дека тој не е за оваа работа. Се врати на доминантен начин, под контрола го имаше целиот викенд. Се сеќавам дека во минатото како ги „уништуваше“ другите возачи, додека возеше во Формула 3 и Формула Рено. Малку се загуби минатата сезона. Кога зимата се врати во тимот само рече „се вратив“, мислам дека среќата ја најде возејќи рели, сега е ментално силен“, рекол Волф.

Првиот човек на Мерцедес рекол и дека бил изненаден од лошиот настап на Ферари. Возачите на италијанскиот тим, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, доцнеа речиси една минута во однос на Ботас.

Scroll to Top