Top Sport

Дејвид Мојс: За Бејл имавме подготвено хеликоптер, договорен беше и Крос

Дејвид Мојс проектиран за наследник на сер Алекс Фергусон, неславно ја заврши својата епизода во Манчестер Јунајтед. Нешто помалку од една година траеше неговата авантура на „Олд Трафорд“, од 9 мај 2013 до 22 април 2014 година.

Пет години по заминувањето на од клубот, Мојс се потсетил на тие времиња и проговорил за трансферите што сакал да ги реализира.

Први пик му бил Герет Бејл, а втор Тони Крос, а на крајот двајцата завршија во Реал Мадрид.

„За Бејл понудивме многу повеќе пари од Реал. Се обидувавме да го наговориме, дури имавме подготвен и хеликоптер. Сеск Фабрегас исто беше блиску. Јас разговарав со него, се обидов да го донесам од Барселона. Се видов и со Тони Крос во текот на сезоната и со него се договорив да дојде во Манчестер Јунајтед, потоа јас останав без работа, а Крос замина во Реал“, рекол Мојс.

Scroll to Top