Марк Маркез покажа зошто е шесткратен Мото ГП шампион, доминирајќи на Германското ГП во Заксенринг, за негова прва победа по долгата пауза поради повреда, односно прв триумф од 2019 година.
Шпанскиот ас падна на првата трка од сезоната 2020 во Херез, кога ја скрши раката и имаше долга пауза поради неколку операции, враќајќи се во акција на третата трка од оваа сезона. Во Германија, тој имаше фантастичен старт на трката, правејќи огромна предност пред ривалите по неколку круга.
Во последните 10 круга од трката, единствен ривал на возачот на Хонда, беше Португалецот Мигуел Оливеира во КТМ, кој успеа да дојде до една секунда од Шпанецот. Далеку на третото место беше лидерот во генерален пласман, Французинот Фабио Квартараро, а во топ 5 беа уште Џек Милер и Брад Биндер, додека освојувачот на пол-позицијата заврши на осмото место.
Ова е 57. победа во Мото ГП шампионатот за Маркез и вкупно 83. во сите категории и неверојатна 11 победа на германската патека, каде што триумфираше во Мото ГП трките од 2013 до 2019 година, и ако се сметаат победите во Мото2 и Мото3, тој има вкупно 11 победи едноподруго на патеката Заксенринг.
Квартараро останува лидер во генерален пласман со 131 поени, пред Зарко со 109 и Џек Милер со 100 поени.
The King of the Ring strikes!!! ?@marcmarquez93 LEADS! ?#GermanGP ?? pic.twitter.com/HIOwRA1157
— MotoGP™? (@MotoGP) June 20, 2021
Can you believe this?! ?@marcmarquez93 is bolting but the rain is starting to fall harder! ?️#GermanGP ?? pic.twitter.com/gDgObn3rpi
— MotoGP™? (@MotoGP) June 20, 2021