Top Sport

ВРЦ малер: На Еванс му се дупна гума во последната етапа, Нојвил со победа на Корзика

Возачот на Хјундаи, Белгиецот Тјери Нојвил стигна до драматична победа на Француското рели во ВРЦ шампионатот, откако Велшанецот Елфин Еванс (М-Спорт Форд) не го посака среќата – му се дупна гума на последната етапа на трката.

Еванс имаше предност од 11.5 секунди пред „пауер-етапата“ по фантастичното последно утро на Корзика во кое го врати водството кое го загуби во саботата. Меѓутоа, во последната етапа тој ја дупна предната десна гума во последната етапа и на крајот падна на третото место во генерален пласман.

Со ова, Нојвил стигна до својата прва победа оваа сезона и станува лидер во шампионатот, со два поени пред актуелниот шампион Себастиен Ожие, кој иако не победи на ниту една етапа на релито, го освои второто место со Ситроен.

Дани Сордо беше четврт за Хјундаи, додека Естонецот От Танак (Тојота), лидерот во генерален пласман пред трката заврши како шести и сега е трет во генерален пласман.

Scroll to Top